Песков: Подготвени сме да ги продолжиме преговорите вечерва, ги чекаме Украинците

Сподели со своите пријатели

„Руската делегација ќе пристигне попладне на местото каде што треба да се одржи новата рунда преговори со претставниците на Украина и ќе биде подготвена да ги продолжи разговорите вечерва“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

Песков одби да прецизира на која локација ќе се одржи состанокот, пренесува ТАСС.

– Нашата делегација ќе биде таму доцна попладне. Ќе ги чекаат украинските преговарачи. Нашата делегација ќе биде подготвена да го продолжи разговорот вечерва – рече Песков.

Тој рече и дека Москва се надева дека украинската делегација ќе дојде на преговорите и дека тие ќе бидат успешни, но дека не сака да го предвидува нивниот исход.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Белорусија, Анатолиј Глаз, изјави за РИА Новости дека Белорусија е подготвена во секое време да организира состанок на претставници на Русија и Украина на своја територија.

Тој додаде дека е важно само делегациите да се договорат за тоа.

Глаз рече дека подготовките за преговорите се во завршна фаза, пренесува ТАСС.

Претходно, повикувајќи се на неименуван извор, руската агенција објави дека преговорите кои се планирани за денеска се одложени, но не се откажани.

Loading...

– Не е откажано: распоредот е променет – изјавил неименуван извор, за кој руската агенција наведува дека е „блиску до преговори“.

Претходно, ТАСС објави дека преговорите треба да се одржат на територијата на Белорусија, во западната област на шумата Бјаловиеза.

Од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа соопштија дека е малку веројатно дека ќе се сретнат украинската и руската делегација на преговорите планирани за денеска.

– Веројатно нема да се сретнат во среда. Можно е да се одложи за неколку дена, во контакт сме со преговарачките тимови – изјави портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.