Песков: Плановите на Фон дер Лајен ѝ даваат на ЕУ воен призвук

Сподели со своите пријатели

Плановите на шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за создавање на европска одбранбена унија ѝ даваат на ЕУ „воен призвук“ и го потврдуваат ставот дека земјите од европскиот континент ги ескалираат тензиите и методите на конфронтација во надворешна политика, изјави денеска прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Loading...

„Заедничката одбранбена и безбедносна политика е една од областите на заедничка работа во Европската унија. Така беше и за време на европската интеграција, но никогаш не беше главната насока. Што рече г-ѓа фон дер Лајен сега за промената на приоритетите ѝ дава на ЕУ воен тон, што ја потврдува општата надворешнополитичка ориентација на европските држави кон милитаризација, ескалација на тензиите, конфронтација и потпирање на методи на конфронтација“, рече Песков, пренесува Интерфакс.

Песков рече дека „Руската Федерација не претставувала и не претставува закана за никого во Европската унија“, како и дека во Украина Русија ги штити своите интереси во услови кога земјите од ЕУ отфрлиле каква било можност за дијалог.

Актуелната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска, пред гласањето во Европскиот парламент за нејзиниот реизбор на таа позиција, изјави дека Европа ќе стои покрај Украина се додека е потребно.