Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков вечерва изјави дека „нема сомнеж дека на Палестинците треба да им се даде шанса да создадат своја држава“.
„Меѓутоа, хуманитарната криза во Појасот Газа е прашање што бара итно внимание“, рече Песков во интервју за „Россија-24“.
Тој нагласи дека на Палестинците „очигледно“ треба да им се даде можност да создадат своја држава, „како што нареди Советот за безбедност на ОН“.
„Тоа е единственото решение за конфликтот на Блискиот Исток. Сепак, пред да се случи ова, сите треба да размислат како да се реши хуманитарната катастрофа во Газа. Секој ќе мора да направи нешто околу тоа“, додаде Песков, пренесе Тас.
Тој додаде дека последната рунда тензии на Блискиот Исток е предизвикана, како што наведе, од „децениските обиди за монополизирање на процесот на решавање“, пренесува Танјуг.
„Американците го направија тоа, обидувајќи се секој втор пат да ги заменат меѓународните напори со свои акции“, рече Песков, додавајќи дека овој пристап на крајот доведе до избувнување на конфликт.