Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека нема шанси рускиот претседател Владимир Путин официјално да ѝ објави војна на Украина на Денот на победата на 9 мај, отфрлајќи ги наводите како „глупости“.
Запрашан од Си-Ен-Ен какви се шансите Путин да и објави војна на Украина на Денот на победата, Песков рече: „Никакви“. Тој додаде: „Не, тоа е глупост“.
Песков, исто така, ги отфрли информациите дека Путин може да го искористи Денот на победата за да објави мобилизација во земјата, што ќе и овозможи на владата не само да собере војници, туку и да ја стави економијата во функција на војна.
Аналитичарите и западните претставници неодамна рекоа дека веруваат дека Путин би можел формално да и објави војна на Русија на 9 мај, по, како што тој сега го нарече конфликтот во земјата „специјална воена операција“.