Песков: Москва и Киев работат на изработка на единствен текст на мировниот меморандум

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека Москва и Киев се соочуваат со тешки преговори со цел да формулираат единствен текст на меморандумот за мировен договор и прекин на огнот.

Loading...

„Двете страни, и Русија и Украина, ги формулираат своите нацрт-документи, кои ќе бидат разменети. Потоа следуваат низа сложени контакти со цел да се постигне заеднички текст. Нема утврдени рокови за завршување на овој процес и не може да има. Секако, сите сакаат тој да биде завршен што е можно поскоро, но проблемот е во деталите“, рече Песков, објави Риа њуз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руте: Многу е позитивно што САД се вклучени во мировните напори

Тој исто така изјави дека сè уште не е донесена конечна одлука за местото на продолжување на билатералните преговори.

Песков потсети дека рускиот претседател Владимир Путин вчера имал повеќе од два часа телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, за време на кој ја повторил подготвеноста на Москва да продолжи да работи на меморандумот со Киев, вклучително и прекин на огнот.

Последните директни контакти меѓу двете страни се одржаа минатиот петок во Истанбул, каде што средбата траеше речиси два часа.

Претставникот на руската делегација и помошник на Путин, Владимир Медински, најави голема размена на затвореници во сооднос 1.000 за 1.000.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мерц: Европа ќе ги засили санкциите против Русија

Исто така, Русија и Украина се согласија да ги презентираат своите визии за идно примирје, пренесува Танјуг.

Украинската страна побара состанок на шефовите на државите, на што Москва одговори позитивно и го зеде предвид.

Loading...

Медински истакна дека Русија е подготвена да го продолжи дијалогот.