Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска ги отфрли обвинувањата на американскиот претседател Џозеф Бајден дека Москва планира да изврши сајбер напади, како одговор на санкциите што и се воведени.
„За разлика од многу западни земји, вклучително и Соединетите Американски Држави, Русија не се занимава со државен грабеж“, изјави Песков за новинарите, а пренесува ТАС С.
Пожари избувнаа во близина на Чернобил, се стравува од зголемена радијација
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави во понеделникот дека Русија најверојатно ќе пријави сајбер напади, како одговор на западните санкции.
Тој ги повика извршните директори на американските компании да ги заштитат своите компании од сајбер напади и да инвестираат во сајбер безбедноста.