Едно лице го загуби животот во кумановската населба Иго Тричковиќ откако во него удрил автомобил денеска околу 16:10 часот.
До несреќата дошло на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, поточно во близина на бензинската пумпа „Роси Петрол“. Триесет и едногодишниот Д.Т. управувајќи патничко моторно возило марка „Голф“ со кумановски регистарски ознаки удрил во пешакот С.Т. роден 1941 година од кумановското село Арбанашко.
Од Одделението за хирургија при Општа болница Куманово потврдија дека жената починала како резултат на здобиените повреди.