Пешак загина на магистралата Крива Паланка – Куманово

Сподели со своите пријатели

На магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, вчера околу 15:40 часот патничко моторно возило „мерцедес“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Д.И.(60) од селото Борово, удрило во пешакот С.А.(67) од село Градец, кривопаланечко, информираат од полицијата.

Loading...

Во незгодата, С. А. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде околу 18.55 часот починал.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Крива Паланка.

Leave a Reply