Вчера во 14,00 часот во Куманово на булеварот „ОктомврискаРеволуција“ во близина на крстосницата со улица „Пионерска“, се случила сообраќајна незгода во која Б.К. (22) од Куманово, управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген Кеди“ со кумановски регистарски ознаки удрил во пешакот Г.П. (62) од Куманово.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во незгодата, пешакот Г.П. се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Ургентен центар-Куманово е префрлена во Ургентен центар Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово.