Четириесет и шестгодишник од Куманово се здобил со тешки повреди откако во него удрил „голф“ во населбата Перо Чичо.
– На 18.11.2025 околу 19.50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 27-годишната Н.Т. од Куманово удрило пешакот О.А.(46) од с.Тромеѓа,кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски

