Пешаци од Куманово со тешки повреди откако во нив удрил сограѓанин со „шкода“

Сподели со своите пријатели

На булеварот „Трета македонска ударна бригада“, вчера околу 12:25 часот патничко моторно возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.Д. (40) удрило во пешаците Љ.О.(76) и малолетник, информираат од кумановската полиција.

Loading...

По незгодата, како што појаснуваат од СВР Куманово, пешаците биле пренесени во болница во Куманово, каде на Љ.О. му биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај малолетникот биле констатирани телесни повреди.

Увид бил извршен од екипа на СВР Куманово.

Leave a Reply