Пензионер (90) потрошил 11.600 евра од револт: Роднините биле шокирани кога слушнале на што ги потрошил сите пари

Сподели со своите пријатели

Пензионер (90) од Лос Анџелес потрошил 10.000 фунти (11.600 евра) на реклами во весници во кои ја известил компанијата дека интернетот е премногу бавен за него.

Loading...

Арон Епштајн решил да плати за две реклами во „Волстрит журнал“, иако неговите пријатели и семејството го убедиле да ги користи социјалните мрежи за да го искаже своето незадоволство.

 

 

Но, упорниот пензионер, кој бил корисник на услугите на АТ & Т од 1960 година, нема Твитер или Фејсбук и се одлучил за старомодниот начин да го привлече вниманието на шефот на телекомуникациската компанија.

Рекламите се појавиле во изданијата за Далас, каде е седиштето на компанијата, како и во изданието за Њујорк.

– AT&T се претставува како лидер во електронските комуникации. За жал, за луѓето кои живеат во еден дел од Холивуд, тоа е сега големо разочарување – пишува, меѓу другото, во писмото на револтиран пензионер, кој понатаму детално наведува колку е бавен Интернетот.

Loading...

 

 

Овој оглас наскоро станал главен предмет и приказната во градот, а потоа тој добил покана.

– Истиот ден кога се појави огласот, добив повик од директорот кој вети дека ќе стори сé за да го забрза интернетот. Иако многумина не разбираат зошто ставам пари на огласот, не ми е жал. Можев да го потрошам на патувања или на некој луксуз, но задоволен сум од тоа како се излезе, ја постигнав целта – рече тој.

Leave a Reply