ПЕНЗИЈА ОД 15.000 ЕВРА МЕСЕЧНО: Со што ќе се занимава Меркел по 16 години мината на чело на Германија?

Сподели со своите пријатели

Ангела Меркел по 16 години на чело на Германија заминува во политичка пензија, а светските медиуми шпекулираат што ќе прави потоа.

Loading...

Долгогодишната германска канцеларка не зборуваше многу за своите планови по предавањето на власта на социјалдемократот Олаф Шолц на 8 декември, пишува АФП, потсетувајќи дека еднаш рекла дека првото нешто што сака да го направи по повлекувањето од политиката е „да спие малку“.

Во текот на четирите мандати, 67-годишната Меркел често ја нарекуваа најмоќната жена на светот, но таа неодамна навести дека нема да и недостига моќта.

„Брзо ќе сфатам дека сега е туѓа одговорност. И мислам дека многу ќе ми се допадне таа ситуација“, рече Меркел за време на нејзината посета на Вашингтон летово.

Позната по својата издржливост и способност да остане свежа по целоноќните состаноци, Меркел еднаш рече дека може „да го складира спиењето како што камилата штеди вода“. А кога ја прашаа за нејзината пензија во Вашингтон, германската канцеларка одговори:

„Можеби ќе се обидам да прочитам нешто, па очите ќе почнат да ми се затвораат затоа што сум уморна и ќе спијам малку.

 

Loading...

 

За почеток ништо

Меркел, која беше избрана за пратеник веднаш по обединувањето на Германија во 1990 година, неодамна изјави дека никогаш немала време да размислува што друго може да направи.

„Никогаш не сум имала нормален работен ден, па природно е што престанав да се прашувам што ме интересира надвор од политиката“, рече таа за време на заедничкото интервју со нигерискиот писател Чимаманд Нгози Адичи.

„Наполнив 67 години и не ми останува неограниченото време. Тоа значи дека треба добро да размислам што сакам да правам во следната фаза од животот. Дали сакам да пишувам, да планинарам, да останам дома, да патувам низ светот? За почеток решив да не правам ништо, па ќе видиме што ќе се случи“, рече Меркел.

Француската агенција забележува дека претходниците на Меркел не останале долго во сенка по напуштањето на функцијата.

Хелмут Шмит, канцелар до 1982 година, стана еден од уредниците на неделникот „Цајт“ и популарен политички коментатор. Хелмут Кол отвори своја консултантска компанија, а Герхард Шредер стана претседател на одборот на директори на Роснефт.

Германскиот писател Дејвид Сафиер замислил повозбудлива иднина за поранешната канцеларка во неговиот роман „Госпоѓица Меркел“, во кој таа истражува мистериозно убиство.

Loading...

 

 

Одгледување зеленчук

Меркел би можела да посака да поминува повеќе време со својот сопруг Јоаким Зауер во Хоенвалде, село во близина на градот Темплин во поранешна Источна Германија, каде што пораснала и каде што има куќа која ја користела за одмор.

Според АФП, таа би можела да се посвети на одгледувањето зеленчук таму, особено на компирот, бидејќи во интервју за магазинот „Бунте“ во 2013 година изјавила дека особено ужива.

Познато е и дека го сака италијанскиот вулкански остров Искија во близина на Неапол, како и местото Сант Анџело таму. Поранешната научничка можеше да држи говори и на бројни универзитети, од Сеул до Тел Авив, кој и додели почесни докторати.

 

Loading...

 

Пензија од 15.000 евра

Меркел ќе добива пензија од 15.000 евра месечно, според проценките на германското здружение на даночни обврзници. Меѓутоа, како што се забележува, таа никогаш не била расипничка – живеела во стан на четврти кат во Берлин и често сама одела во самопослуга.

Во 2014 година, канцеларката дури ја однела и кинескиот премиер Ли Кечијанг во нејзиниот омилен супермаркет по билатерален состанок.

Затоа, можно е некогаш најмоќната жена на светот едноставно да минува мирни вечери дома, со своето омилено бело вино и омиленото јадење – супата од компири, заклучува француската агенција, а пренесува „Индекс“.

Loading...