Пентагон ги негираше тврдењата дека и дал информации на Украина за тоа како да го потоне крстосувачот „Москва“, кој беше водечки брод на руската флота во Црното Море, изјави секретарот Џон Кирби.
Кирби рече дека САД не биле вклучени во одлуката на Украинците да го нападнат бродот, ниту во операцијата што тие ја спроведоа, ниту дека претходно имале сознанија за намерата на Украина да пука во бродот, пренесува РСЕ.
Русија подготвува победничка парада во разурнатиот Мариупол за 9 мај? (ВИДЕО)
Тој нагласи дека Украинците имаат свои разузнавачки способности за следење и пукање врз бродовите на руската морнарица, „како што направија во овој случај“.
Украина соопшти дека кон средината на април го погодила рускиот крстосувач „Москва“ со две противбродски ракети „Нептун“. Бродот потонал додека го враќале во пристаништето на поправка.
Ќе тргне ли Путин и на Молдавија? „Ќе се отвори нов фронт против Украина“
На 14 април Русија призна дека „Москва“ потона, припишувајќи ја катастрофата на експлозија на муниција.
Москва тогаш објави дека сите 500 членови на екипажот биле спасени по експлозијата на 13 април.