Пентагон: Способни сме да се заштитиме себеси, сојузниците и партнерите

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на американското Министерство за одбрана рече дека Пентагон останува уверен во својата способност да се заштити себеси, своите сојузници и партнери, вклучително и на полето на стратешко воздржување, откако рускиот претседател Владимир Путин нареди режим на специјална борбена готовност во руските нуклеарни сили, пренесува Фајненшл тајмс.

Loading...

Претходно Владимир Путин на средба со министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на Русија, Валериј Герасимов, нареди силите да бидат префрлени во борбено дежурен режим.

Белата куќа одговори дека НАТО не и се заканува на Русија и наредбата на Путин ја нарече одговор на непостоечки закани.

„Остануваме уверени во нашата способност да се заштитиме себеси, нашите сојузници и партнери, вклучително и во областа на стратешкото одвраќање“, рече портпаролот.

Портпаролот додаде дека Пентагон „нема причина да се сомнева“ во извештаите дека Путин ги ставил силите за во висока готовност и го опиша потегот како „чекор кон ескалација“.

Во исто време, весникот забележува дека претставникот на Пентагон одбил да каже дали Министерството за одбрана на САД ја променило својата нуклеарна политика како одговор на дејствијата на Путин.