Американската војска собори дрон на Царинската и граничната заштита користејќи високоенергетски ласерски систем бидејќи леталото се сметало за „очигледно заканувачки“ и се движело во воениот воздушен простор во близина на Форт Ханкок, Тексас, изјавија помошниците на конгресот за Ројтерс.
Според заедничката изјава на Пентагон, Федералната администрација за воздухопловство (FAA) и Царинската и граничната заштита, системот против дронови бил распореден за да се „ублажи заканата“ што ја претставувал дронот во воздушниот простор на војската.
Инцидентот се случил далеку од населени места и без присуство на комерцијални авиони.
По несреќата, FAA го затвори воздушниот простор околу Форт Ханкок до 24 јуни од безбедносни причини, со исклучоци за итни и спасувачки летови.
Демократските конгресмени Рик Ларсен, Бени Томпсон и Андре Карсон го критикуваа недостатокот на координација меѓу агенциите, додека сенаторката Тами Дакворт повика на истрага, велејќи дека инцидентот е предизвикан од лоша соработка и надзор.
ФАА привремено го запре сообраќајот на аеродромот во блискиот Ел Пасо претходно овој месец, но одлуката беше поништена по околу осум часа.
Конгресните помошници велат дека Пентагон и царината рекле дека веруваат оти можат да го распоредат ласерскиот систем без претходно одобрение од ФАА и дека технологијата била употребена овој месец за соборување на четири беспилотни летала за кои се сомнева дека им припаѓаат на картели, иако ФАА претходно предупреди дека не се смета за безбедно во близина на комерцијални летови.

