Пентагон: Русија ги распореди речиси сите подготвени борбени сили

Сподели со своите пријатели

Висок функционер на американското Министерство за одбрана ги информираше новинарите како Пентагон гледа на главниот развој на настаните од деветтиот ден од руската инвазија на Украина, пренесува Фена Си-Ен-Ен.

Loading...

Ова се некои од главните точки изнесени на брифингот со новинарите.

 

Русите го прекинуваат нападот во Мариупол поради евакуација на цивили (ВИДЕО)

 

Русија лансираше повеќе од 500 проектили од почетокот на инвазијата, а 92 отсто од претходно подготвените борбени сили на Русија веќе се во Украина.

Сепак, тој наведува дека воздушниот простор над Украина сѐ уште е неосвоен.

Главниот напредок на руските сили северно од Киев сè уште е запрен на 25 километри од самиот град.

Loading...

 

 

Русите го прекинуваат нападот во Мариупол поради евакуација на цивили (ВИДЕО)

 

Тешки борби на југот на земјата

Руските сили се наоѓаат и на 10 километри од центрите на градовите Чернихив и Харков.

Тешките борби продолжуваат на југот на земјата, поточно во Херсон, кој наводно паднал под руска контрола. Американските власти не беа во позиција да го оспорат тоа тврдење.

Сега се водат борби во градот Миколаив, североисточно од Одеса.

Loading...

САД проценуваат дека Русите сѐ уште не се во Мариупол, но Москва има намера да го опколи градот од север и од брегот.

Претставник на Пентагон подвлече дека нападот на нуклеарната централа Запорожје ја покажа „целата непромисленост на руската инвазија“, но според американските проценки, нема истекување на радиоактивни материи од електраната.