Во саботата, на 28 февруари, претседателот Доналд Трамп објави дека Соединетите Држави започнале голем напад врз Иран, ветувајќи дека ќе ја уништат иранската војска, ќе ја елиминираат неговата нуклеарна програма и ќе предизвикаат промена во владата на земјата.
Министерството за одбрана на САД го објави името на овој напад, нарекувајќи го „Операција Епски бес“.
OPERATION EPIC FURY 🇺🇸
— Department of War 🇺🇸 (@DeptofWar) February 28, 2026
Силни експлозии одекнаа во иранскиот главен град Техеран, додека жителите изјавија дека виделе чад што се издига од областа каде што се наоѓаат претседателската палата и Националниот совет за безбедност, пишува nytimes.
Се очекува да зборува американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет.
Командата на Home Front испрати предупредување директно до мобилните телефони во соодветните области.
Сирените за воздушен напад можеа да се слушнат во Тел Авив, според дописникот на Sky News од Блискиот Исток Адам Парсонс.

