Пентагон објави нови податоци за чудни НЛО материјали: Дали Росвел ги крие одговорите?

Сподели со своите пријатели

Американскиот Пентагон призна дека пронашол остатоци од НЛО, како и дека извршил тестови на одредени „футуристички“ материјали, тврди самопрогласениот експерт за НЛО Тони Брагаjaа, кој подолго време ги истражувал овие појави.

Loading...

Брагаjaа тврди дека документите што Пентагон ги ставил на располагање според Американската регулатива за слободен пристап до информации (ФОИА), всушност се поврзани со парчиња метал пронајдени на местото на несреќата на НЛО во Росвел уште во 1947 година.

 

 

Како што вели, документите што биле во негови раце само три години откако тој побарал пристап од Министерството за одбрана на САД, пишуваат „за материјали што се цел квантен скок над моментално познатата и достапна технологија на човештвото“, пренесува порталот Зимо .

На својата веб-страница, Брагаjaа сподели и линкови до сите одговори што ги добил од американската воена разузнавачка агенција (ДИА).

 

Loading...

 

Во писмото од 8 јануари оваа година, тој добил само делумен одговор на барањето за пристап до сите информации за резултатите од тестовите на материјалот од „Бигелоу Аероспејс“.

Според документите до кои тој добил пристап, тој исто така наведува дека овие материјали можат да имаат моќ да направат други работи невидливи, или да ја „компромитираат“ електромагнетната енергија, па дури и да ја „забават брзината на светлината“.

 

 

Во неговите белешки се споменуваат и наводните 40 сведоци кои тврдат дека материјалот сличен на метал, кој бил пронајден на местото на несреќата на НЛО во Росвел, се враќа во првобитната форма откако е преклопен или деформиран.

Loading...

Leave a Reply