Американската армија соопшти дека контингентот од 8.500 војници е во подготвеност и е подготвен да биде распореден во Европа за многу краток временски период доколку НАТО алијансата побара активирање на силите за брза реакција.
Ова е уште една потврда за американската одлучност пред акумулацијата на руски вооружени сили долж границата со Украина, пишува Ројтерс.
Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, истакна дека сѐ уште не е донесена одлука дали војниците ќе бидат распоредени, истакнувајќи дека секое такво распоредување во источното крило на НАТО ќе биде одвоено од американските трупи кои веќе се на европско тло, за да, како што рече се „смират вознемирени сојузници“, пренесува Танјуг.