Пентагон: Кинескиот балон соборен над Америка не собрал разузнавачки информации

Сподели со своите пријатели

Кинескиот балон што го премина континенталниот дел на САД од Алјаска до источниот брег во февруари не собрал никакви информации, соопшти Пентагон.

Loading...

САД „презедоа чекори за да ја ублажат“ способноста за собирање разузнавачки информации, под претпоставка дека шпионскиот балон има таква способност, изјавија официјални лица во четвртокот.

Американските разузнавачки агенции ги анализираат остатоците собрани од балонот по неговото соборување.

Инцидентот предизвика тензија меѓу САД и Кина.

Портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Пет Рајдер, во четвртокот изјави дека САД се „свесни дека [балонот] има способност за собирање разузнавачки информации“.

Но, „нашата проценка е дека тој не ги собрал додека бил во транзит низ или преку САД“.

Балонот леташе над САД и Канада една недела кон крајот на јануари и почетокот на февруари пред да биде соборен од борбен авион во близина на брегот на Атлантикот по наредба на претседателот Џозеф Бајден.

Вашингтон тврдеше дека шпионирал клучни воени локации низ Америка.

Loading...

Кинеското Министерство за надворешни работи тогаш изрази „силно незадоволство и протест против употребата на сила на САД при напад на невооружен цивилен авион“.

Воен авион Ф-22 истрела проектил кон балон на голема височина, а американските воени претставници соопштија дека остатоците паднале на длабочина од 14 метри, поплитко од очекуваното, во близина на Миртл Бич, Јужна Каролина.

За балонот што беше забележан на американското небо, Кина призна дека е нејзин, но ги негираше обвинувањата дека се користел за шпионажа, но дека се работи за цивилно летало што ги следи метеоролошките услови.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен потоа ја одложи посетата на Пекинг поради инцидентот, но тој дојде во Кина во јуни и разговараше со највисоките кинески претставници.