Пенов, Мекиќ и Тодоровиќ потпишаа за Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Адем Мекиќ, Игор Пенов и Миодраг Тодоровиќ денеска официјално ставија потпис на договорите со Кошаркарскиот клуб Куманово.

Претстојната сезона овие тројца кошаркари ќе му бидат на располагање на тренерот Александар Петровиќ, а друштво ќе им прават и Мирко Ковач и Бранислав Ѓекиќ кои договорите ќе ги потпишат следната недела, а заедно со нив и дел од младинскиот состав на клубот кој изминативе години беше дел од ростерот.

– Приоритет на новата управа ќе биде реновирање на спортската сала и активирање на сите младински категории во кои ќе ставиме да бидат вклучени и децата од поблиските градови бидејќи ќе го имаме интернатот на располагање. Прв пат Куманово ќе имаме натпреварувачки екипи во скоро сите категории, почнувајќи од М12, М14, М16, М18, М20 и втора лига, тоа е новитет каде ќе посветиме посебно внимание на нашите млади кошаркари, затоа што за тоа е спортот, да се тргнат децата од девијантните појави, изјави Александар Крстевски, претседател на КК Куманово, на денешната прес конференција.

 

Loading...

 

Филозофијата целосно ќе се промени, а шанса повеќе ќе добијат младите играчи, кои со поискусните ќе играат со играчи од младинските репрезентации со кои допрва ќе се преговара, рече тренерот Александар Петровиќ.

– Што се однесува до мене, амбициите ми се Куманово на секој натпревар оди на победа, што е нормално и сигурно дека овој тим што го правиме, нема да биде тим за опстанок, туку што погоре одиме на табелата тоа ќе биде добро, ако го оствариме минатогодишниот резултат, тоа ќе биде совршенство. Добро ќе биде што ова ќе биде ново Куманово, со нова енергија, позитивна енергија, како од управата, така од играчкиот кадар, а и јас имам некоја позитивна енергија и едвај чекаме да почнеме со подготовките, изјави Петровиќ.

 

 

Клубот со подготовките се очекува да започне за 10 дена, а воедно закажано е учество на меѓународен турнир во Србија, како и над 10 пријателски натпревари.

Пенов, Тодоровиќ и Мекиќ изразија надеж дека сезоната ќе донесе нови возбудувања и дека публиката ќе доаѓа на натпреварите во што поголем број.

Надеж дека Куманово ќе влезе најмалку меѓу најдобрите шест екипи сезонава, изрази Адем Мекиќ, кој минатата сезона од МЗТ премина во Куманово.

– Возбуден сум, со нетрпение очекувам да започне сезоната, околу амбициите како што кажа тренерот, сите знаеме каков жежок терен е Куманово и идеме на секој натпревар, да го добиеме, мислам дека сите дечки, почнувајќи од тренерот, управата и сите играчи кои се контактирани и кои се веќе потпишани сите се борци, сите сакаат да дадат максимум, сите се борци и сакаат да дадат максимум и да победат на секој натпревар, почнувам од себе. Се надевам дека се ќе биде како што треба и да имаме одлична сезона, да влеземе во топ 6 екипи и сите со своја среќа, изјави Адем Мекиќ.

 

Loading...

 

– Разговаравме со управата, ми го објаснија целиот коценпт на клубот, многу ми се допаѓа тој концепт и едноставно, понудата која што ми ја дадоа ја прифатив. Што се однесува до сезонава, јас како карактер и Мекиќ го знам, Ацо тренерот исто, затоа што тренер ми беше во повеќе наврати, ќе се бориме на секој натпревар, ќе се бориме на секој натпвера, мислам дека ќе дадеме и повеќе од тоа што сите го очекуваат, искрено се надевам дека и градот ќе го препознае овој концепт на новата управа и дека ќе не поддржи во оваа сезона, заедно да оствариме победи и едноставно Куманово како клуб и име да остане на истото рамниште, ако не и повисоко, рече Пенов.

 

 

Од младинскиот погон, прв потпис на новиот договор стави Миодраг Тодоровиќ, кој изминатите сезони беше во ростерот на Куманово, па замина во Кожув од каде повторно се враќа, во како што вели, својот клуб.

– Пред се за мене е огромна чест да играм во Куманово, поради целата атмосфера на градот, публиката и самото име на Куманово и неговата историја. Ќе дадеме се од себе да оправдаме тоа што сме играчи на Куманово, како што кажа и тренерот одиме секогаш на победа и повисока цел, ќе дадеме се од себе, 120 отсто на секој натпревар, се надевам дека тоа ќе го препознае и публиката и градот и повторно ќе биде таа еуфорија која што беше, затоа што мислам дека овој град и оваа публика заслужува добар кошаркарски тим, додаде Тодоровиќ.

 

 

Српските интернационални Мирко Ковач и Бранислав Ѓекиќ договорите треба да ги обноват во понеделник, а друштво ќе им прават и Ѓорги Георгиевски, Ненад Стојановски, Филип Стојановски и Владимир Јовановиќ.

Сезоната ќе се игра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ додека траат реновирањата на градската спортска сала, кои треба да започнат оваа есен.

Leave a Reply