Кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски однесе победа и во најголемата општина во Република Северна Македонија. Општинската организација на партијата во Куманово веќе ја слави победата.
Loading...
Пендаровски во Куманово има освоено 54,13 отсто од гласовите, наспроти 42,09 отсто на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.
Според потадоците на Државната изборна комисија, во бројки Пендаровски има 4.373 гласа повеќе од својата противкандидатка.
Треба да се напомене дека досега обработени се 90,11 отсто од гласовите во Куманово.
Пендаровски победи и во Липково, а во Старо Нагоричане победата ја однесе Силјановска Давкова.