Пекинг се бори со коронавирусот: Затворени 40 метро станици и 158 автобуски линии

Сподели со своите пријатели

Пекинг затвори 40 станици на подземната железница, или 10 отсто од целата подземна мрежа, како и многу автобуски линии, во обид да го запре ширењето на Коронавирусот и да го избегне сценариото во Шангај, каде што милиони жители се во строг карантин за повеќе од еден месец.

Loading...

Откажани се и 158 автобуски линии, а повеќето од нив се наоѓаат во областа Чаојанг, епицентарот на жариштето во Пекинг.

Со десетици нови случаи на ден, Пекинг се обидува да избегне целосно заклучување, како што се обиде Шангај на почетокот.

 

ЕУ воведува ембарго на руската нафта, Сбербанк исклучена од СВИФТ

 

Градит од 22 милиони луѓе затвори училишта и бројни компании, како и станбени згради во области со висок ризик, додека многу луѓе складираат основни потреби во случај на целосно затворање.

Вториот од трите планирани масовни тестови оваа недела, по трите масовни тестови минатата недела, се спроведува во 12 од 16-те области во Пекинг.

Loading...

Според Ројтерс, крајот на карантинот не е на повидок во Шангај.

 

БЕЛОРУСИЈА ПОЧНУВА ВОЕНИ ВЕЖБИ: Има ли причина за паника?

 

Најголемиот кинески град и финансиски центар сè уште не им дозволува на повеќето жители да ги напуштат своите домови, но некои сепак имаа корист од малото олеснување од неделата, бидејќи на еден член на домаќинството му беше дозволено да оди на кратка прошетка и да купи намирници во супермаркетите, пренесе Танјуг.

Според последните податоци, во Шангај, град со 25 милиони жители, откриени се 63 нови случаи на места каде што нема строга блокада, што укажува дека градот има начин да стигне до својата цел, а тоа е неколку дена без ниту еден случај, за да може постепено да се ублажуваат мерките.

Во градот Женгџу, каде живеат 12,6 милиони луѓе, во вторникот вечерта беше воведен карантин.