Пекинг: Односите меѓу Кина и ЕУ се развиваат брзо и сеопфатно

Сподели со своите пријатели

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека односите меѓу Кина и ЕУ се развиваат брзо и сеопфатно.

Loading...

Ова го соопшти кинеското Министерство во пресрет на денешната средба меѓу претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и кинескиот претседател Си Џинпинг.

Фон дер Лејен ќе се сретне со Си на разговори кои би можеле да го одредат курсот за идните односи на Кина со ЕУ по долгогодишни затегнати врски, објави Ројтерс.

Фон дер Лајен и францускиот претседател Емануел Макрон, кои се во посета на Пекинг, рекоа дека сакаат да ја убедат Кина да го искористи своето влијание врз Русија за да постигне мир во Украина, или барем да го одвратат Пекинг директно да ја поддржува Москва во конфликтот, објави Ројтерс.

Како што беше најавено, по разговорите на Макрон со кинескиот премиер Ли Кианг, тој треба да приреди работен ручек со Фон дер Лејен.

Макрон и фон дер Лајен ќе одржат посебни разговори со Си подоцна денеска пред да се одржат трилатерални разговори.

„Кина е клучен трговски партнер, но компаниите од ЕУ се соочуваат со многу дискриминаторски пречки“, напиша Фон дер Лејен утринава на Твитер по состанокот со претставници на Европската стопанска комора во Пекинг.

Макрон отпатува во Кина со 50-члена деловна делегација, вклучувајќи ги Ербас, ЛВМХ, а се очекува производителот на нуклеарна енергија ЕДФ да постигне договори со Пекинг.

Loading...