Пекинг: Америка да не ја имплементира негативна содржина за Кина во Законот за одбрана

Сподели со своите пријатели

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека негативните содржини поврзани со Кина не треба да се имплементираат во Законот за одбранбена политика на САД.

Loading...

„Ако САД решат да продолжат со тоа, Кина ќе преземе решителни и силни мерки за да го обезбеди својот суверенитет, безбедност и интереси“, изјави портпаролот на министерството Мао Нинг, пренесе Ројтерс.

Американскиот претседател Џозеф Бајден минатиот петок го потпиша Законот за одбранбена политика, со кој се одобрени рекордни 886 милијарди долари годишно за воени и воени операции, како што се помагање на Украина и одвраќање на кинеските сили во индо-пацифичкиот регион, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  COP29: Градовите во Кина и САД испуштаат најмногу стакленички гасови