Педесет казни за неносење маска вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 50 лица вчера биле казнети во Куманово поради непочитување на законската обврска за задолжително носење заштитна маска.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (08.02/09.02.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 85 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најмногу се во Куманово 50, во Крива Паланка 20 и во Кратово 15.

За истите, како што посочуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply