Странските работници од Куманово кои Управата за јавни приходи бара да платат данок на нивнтие плати од 2020 година заработени во Ирак и Авганистан, утре повторно ќе излезат на протест пред подрачното одделение.
– Ова повеќе не е личен проблем, ова е колективна неправда. Кога сме тивки не газат, кога сме масовни не слушаат. Правдата не се чека – се излегува по неа. Стравот не се победува дома – се крши на улица, стои во повикот кој беше испратен до медиумите.
Меѓу нивните барања се УЈП по службена должност да обезбеди потврди од даночните служби на Ирак и Авганистан, оти тие сами не можат да одат таму за да добијат таков документ.
Во меѓувреме бараат запирање на издадените даночни решенија од УЈП додека успеат да ги приберат сите потребни документи дека данокот на нивните плати веќе бил платен.
На последниот протест побараа јавна средба со директорката Елена Петрова.
Градоначалникот Максим Димитриевски денеска рече дека разговарал со нив и дека посредувал да дојде до таква средба. Директорката Петрова, вели дека покажала интерес за таков состанок.
Никола Ивановски

