Печалбарите протестираа пред Општина Куманово. Димитриевски ги повика на разговор (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Печалбарите од Ирак и Авганистна денеска протестираа пред Општина Куманово повторувајќи ги своите барања да не бидат двојно оданочувани за нивните плати од страна на Управата за јавни приходи.

Додека траеше протестот, излезе и им се обрати градоначалникот Максим Димитриевски. Тој им упати поддршка во нивните барања и ги повика на разговор со цел повторно да се обидат да остварат средба со директорката на УЈП Елена Петрова.

Димитриевски ги повика на дијалог, со цел да не бидат злоупотребени нивните проблеми во политички цели.

– Јас ви стојам на располагање. Јас сум и ваш градоначалник, ви стојам на располагање. Сме разговарале неколкупати на оваа тема во рамките на мојата надлежност јас ќе преземам се што можам да ви помогнам, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прекинат и одложен натпреварот Куманово – Чаир

 

 

Како што истакнаа тие се лути што Советот не разговарал за нивниот проблем и тоа го побараа од градоначалникот кој им понуди да свика координација со советниците.

– Јас можам да повикам координација на Совет, да ги викнам сите советници без да се прави, бидејќи суштината ваша е дали сакате да го решите проблемот стварно или да бидете предмет на инструмент на политиката преку кој ќе се политизира преку вас. Ако сакате да ве инструментализираат одредени политички партии правете како мислите, ако сакате да се бара решение тогаш треба да се отвори дискусија на Совет, но тој по закон може да даде препорака и предлози, не може да задолжи повисок државен орган, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: За денеска портокалов метео аларм!

 

 

Зоран Наковски, во име на учесниците на протестот изјави дека тие не се политички настроени, но бараат поддршка од сите.

– Ние никогаш не сме кажале дека сме политички поврзани. Ги поддржуваме сите што сакаат да ни помогнат, без ралзика од која партија или националност се, рече Наковски.

 

 

Тој вели дека остануваат на барањето за јавна средба со директорката на УЈП и тога ќе го предложат на состанокот со градоначалникот.

– Немаме писмен одговор веќе трет ден. Сакамте да средба да се одржи во Куманово, во Комитет за да сите видат. Таму ќе ги поставиме прашањата што ги имаме и да најдеме решение да се стопираат решенијата за кои имаме докази, додаде Наковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Петгодишниот Јордан Крстевски од Куманово со успешен настап на „Атина Опен“ (ВИДЕО)

 

 

Жикица Миланов, учесник на протестот вели дека  не отстапуваат од барањето да се дискутира за нивниот проблем во Советот на Општина Куманово.

– Ние сме граѓани на Куманово. Ние имаме инвестирано во Куманово. Со нашите семејства и колеги сме донеле милиони и милиони долари од данокот што сме го плаќале и овој дакон сега што треба да го платиме 4,8 отсто оди за општината и не разбирам зошто ја отфрлија таа точка за да нема материјална расправа, рече тој.

 

 

Инаку протестот утре се сели во Тетово, каде пред тамошната подрачна единица на УЈП ќе протестираат заедно со нивните тамошни колеги.

Никола Ивановски