Печалбарите од Ирак и Авганистан обвинуваат за опрструкции, Ѓорѓиевска негира (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Печалбарите од Авганистна и Ирак денеска повторно излегоа на протест, овој пат пред зградата на Комитет каде ја прекинаа седницата на Советот на Општина Куманово.

Тие тврдат дека Советот им правел опструкција со пролонгирање на датумот за седницата, а незадоволни се што на претходната седница кога се расправаше за нивниот проблем, имало прегласување.

– Дадоа некои препораки кои се на хартија. Се случи гласање за едно барање од советник кое требаше да помине и помина со гласање 13 за и 11 против. Претседателката го поништи тоа гласање со изговор дека еден советник не гласал. На повторното поединечно гласање мнозинството советници си ја кажаа својата поддршка кон нас, дадоа 17 гласа против. Тоа е целокупното мнозинство кое го има во Советот. Благодарам на нивната поддршка што не тапшаат по рамот цело време, ние ве поддржуваме, ние ве поддржуваме, ова е поддршката што беше требаше да ја дадете, вие не ја дадовте, изјави Жикица Миланов, учесник на протестот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започна реконструкцијата на улицата „425“ и изградба на „Благоја Думановски“ во Куманово

 

 

Претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска, вели дека им излегле во пресрет, но дека немаат надлежност во укинувањето на даноци и такси.

– Беа почестени да дојдат во Советот, да си го искажат проблемот и едногласно сите советници усвоија препораки кои беа координирани во претходните четири координации. Нешто за што замераат на Советот е за прегласување на дополнителна препорака, а тоа е да се даде иницијатива до нашите пратеници од Општина Куманово кои не претставуваат по парламентот да можат да побараат толкување на член 5 мислам дека беше, од Закон за даноци такси. Рековме уште на самата координација дека сите пратеници од општината се запознаени и ги чекаат во своите простории односно директно да им поднесат едно такво барање за да бидат чиста ситуацијата, појаснува Ѓорѓиевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец пронајден починат во Биљановце

 

 

Како што додава, таа одржала неколку состаноци со нив и ги договориле заеднички препораките, но дека немаат надлежност за нивниот проблем. Обвини дека се политички инструирани нивните протести.

– Имав со претставниците од здружението неколкупати состаноци на коишто договаравме седница. Седницата ја испочитувавме, сите препораки беа едногласно изгласени, тоа е нешто што може ние како советници да направиме. Укинување на даноци и такси воопшто не е надлежност на Советот, меѓутоа бидејќи станува збор за наши сограѓани, кои се во најголем број во однос на сите засегнати даночни обврзници во Македонија, мислев дека е одличен начин да се поразговари за еден ваков проблем што ги засега нашите сограѓани меѓутоа еве политички инструирани доаѓаат пак повторно тука за жал и покрај сите наши заложби да излеземе во пресрет и додадеме препораки коишто се најбитни за нивното понатамошно постапување и делување, изјави Ѓорѓиевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово загуби од Пелистер со 30 поени разлика

Претседателката вели дека разговарала со нив и на денешниот протест. Во однос на нивното негодување за прегласувањето, таа вели дека секој советник може да побара поединечно изгласување.

– Се спуштив доле и поразговарав, затоа што навистина сум зачудена за што протестираат. Негодуваат за такво нешто, меѓутоа деловнички да побараме поименично изјаснување прегласување зошто затоа што во тој момент некои од советниците реагирале дека не гласале на електронското изјаснување. Секој советник може да побара вклучувајќи ме и мене поединечно за да бидат чисти ситуациите мислам дека тука воопшто немаше никаков проблем, додава Ѓорѓиевска.

Учесниците на протестот, веќе неколку месеци бараат да се избегне двојно оданочување на нивните плати заработени во американските воени бази на Блискиот исто.

Никола Ивановски