Водостојот на реката Пчиња е на алармантно ниско ниво, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.
Loading...
Според последните мерења направени утринава на мерната станица во атарот на селото Пелинце, водостојот на реката Пчиња изнесува само осум сантиметри.
Во споредба со еден ден претходно, истиот се намалил за два сантиметри.
Моменталното ниво на водата е далеку под просекот од изминатите години за овој период од летото, кога водостојот изнесувал 32 сантиметри.
Евиндентно, според мерењата што ги врши УХМР, е дека во скоро целиот тек на годината нивото на реката Пчиња е далеку под просекот.
Никола Ивановски