Неколку куќи и викендици покрја течението на реката Пчиња се поплавени, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
Оттаму информираат дека заради обилните врнежи од дожд зголемени се водостоите на реките кои се влеваат во река Пчиња (Градшница и Петрошница) заради што има излевање на реката Петрошниоца помеѓу селата Макреш и Војник.
– Излеани се Крива Река кај селата Бељаковце, Довезенце, Јажинце и Клечовце, и река Пчиња кај селата Шупл Камен, Пчиња и Студена Бара. По течението на река Пчиња поплавено е претежно земјоделски земјишта 7-8 викендици и 3-4 индивидуални куќи за живеење – претежно помошни објекти. Поплавено е и дел од обработливо земјоделско земјиште во атарот на селата Шупли Камен, Јачинце, Довезенце, Клечовце, Пчиња и Студена Бара, стои во извештајот на РЦУК.
Специфичен проблем кој битно влијае на излевањето на Крива река, како што велат надлежните, претставува претходно полупаднатиот мост кој ги дели селата Горно и Долно Довезенце, кој ја блокира водата која се заезерува и се излева од речното корито кон селото Јачинце.
Оштетен е и постоечкиот мост со цевки Ф – 1000 кој на реката Пчиња од Шупли Камен кон с.Клечовце по течението кај м.в.Визијана.
Зголемен е и протокот на реката Пчиња, во општина Старо Нагоричане поради зголемен водостој во Република Србија како и низводно поради вливот и зголемениот проток на реките Бистрица, Алгушница, Петрошница.
– Во моментот од страна на АД Кумановско Липковско Поле се превземаат дејствија за отстранување на вегетацијата и правење насипи на Река Пчиња кај с.Војник и Ветуница во атар на општина Ранковце, велат од РЦУК.
Во општина Ранковце кај с.Ветуница има изместено 2 пропуста а на Ветуничка Река срушен е мостот на регионален пат во с.Ветуница кај м.в.Маркова Куќа.
– Претставници од општината ќе извршат увид во текот на денот. Во с.Гиновце, дотекла вода од суводолица која се има излеано на локален земјен пат и кон неколку ниви во близина. Надлежните од опш.Ранковце ќе преземат мерки за санирање на состојбата, велат од РЦУК.
Во општина Кратово, кај с.Трновац каде Кратовска Река се влева во Крива Река има однесено насип и патот е поткопан.
Излеана е и Крива Река кај с.Куклица и поплавен е дел од патот.
Обилните врнежи предизвикале и заматување на водата во градскиот водовод при што Претпријатието за стопанисување со водоводната мрежа врши хлорирање.
Никола Ивановски