Пчиња нарасна еден метар и се излеа во Пелинце и Стрновац (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Водостојот на реката Пчиња за едно деноноќие порасна за еден метар и се излеа во атарот на селото Пелинце во Општина Старо Нагоричане.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, реката се има излеано на неколку локации, меѓу кои кај Меморијалниот центар АСНОМ и бањата Стрновац, но не се зафатени домови.

Дополнително, кај Коински мост е забележано насобирање на поголема количина дрвја, кое го отежнува нормалниот проток на реката Пчиња.

Градоначалникот на Општина Старо Нагоричане Мирослав Славковски вели дека екипи од јаните претпријатија веќе интервенираат на локациите, а пуштен е и булдожер на Меморијалниот центар во Пелинце.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со лажна диплома од средно, се вработил во јавно претпријатие

 

 

– Најкритичните локации се покреини со екипи, се расчистуваат нансоите од дрвја, гранки кај мостоите. Засега нема пријави на штета, изјави тој.

На терен веќе се екипите на ЈП „Водовод“ од Куманово како и „Водостопанство“ и ЈП „Чистота и зеленило“.

Како што информира директорот на комуналното претпријатие од Куманово, Ненад Стојановски, денес поставени се џакови со песок за навремено и ефикасно справување со можни поплави во просторот на Меморијален центар „Пелинце“.

 

 

– Со заеднички напори обезбедуваме поголема безбедност и заштита на овој значаен локалитет, додава тој.

Според мерењата направени утринава водостојот на Пчиња кај Пелинце е 120 сантиметри, додека вчера бил само 18.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Реконструирана дневната болница во Детското одделение во Куманово (ВИДЕО)

Никола Ивановски