Нивото на реката Пчиња по долго време едвај го достигна просечниот водостој за овој период од годината.

Поред последните мерења направени утринава околу 07:30 часот од страна на Управата за хидрометеоролошки работи, мерната станица во атарот на селото Пелинце покажала водостој од 54 сантиметри, односно пораст од четири сантиметри во споредба со вчера.

Тоа е приближно до просекот за овој период од годината кој изнесува 59 сантиметри.

Нивото на Пчиња долго време беше многу ниско со оглед на сушниот период, но топењето на снегот од планините деновиве ги исполни речните корита.

Никола Ивановски

