„Пазаришта“ и „Куманово-паркинг“ работат со загуба

Сподели со своите пријатели

Јавните претпријатија „Пазаришта “ и „Куманово -паркинг“ работат со загуби во континуитет подолг временски период, рече на денешната седница на Советот, претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Валентина Младеновска, презентирајќи ги финансиските извештаи за работењето на претпријатијата за периодот јули -септември годинава. Загубата на „Пазаришта“ за овој период изнесува околу 5 милиони денари.

Loading...

Според Младеновска, вкупните загуби на „Куманово -паркинг“ изминатите години изнесувале околу 22 милиони денари, а програмата за работа за наредната година е амбициозна.

– Овдека има презентирано дека за периодот од јули до септември 2021 година, загубата изнесува 4 милиони 930 илјади денари, а на Комисијата за финансирање и буџет дополнилтено ни беше појаснето од раководителот дека на месечна основа од изготвената анлиза од страна на стручните служби на јавното претпријатие на месечно ниво се искажува загуба, односно очекуваните, реализираните и наплатените приходи се помали од приходите и трошоците, рече Младеновска.

 

 

Таа вели дека бројките за 2022 година се амбициозни, но изрази надеж дека следната година ќе се дискутира за реализација на ваква програма.

Вкупните загуби на Куманово паркинг, според Младеновска, изнесуваат 22 милиони денари во текот на изминатите години.

Loading...

– Друштвото во континуитет работи со загуби кои достигнале вредност од скоро 22 милиони денари. Во однос на програмата е доста амбициозна, не знам колку е реално, но се надевам дека ќе успееме да ја реализираме барем во некој процент, рече таа.

Инаку пред неколку недели градоначалникот Максим Димитриевкси ги разреши поранешните директори на овие две јавни претпријатија.

Никола Ивановски