Патуваат низ светот и успешно заработуваат од тоа, сега советуваат како (фото)

Сподели со своите пријатели

Кеш и Џонатан Хау се сретнале на Лаос во 2013 година. Двајцата непосредно пред тоа ги напуштиле своите работни места, Кеш на Филипините, а Џонатан во Велика Британија, решени цело време да патуваат.

https://www.instagram.com/p/BI6r6O_j-Kd/

Loading...

Од тогаш, парот кој се внечал во јули 2016 година, стартувал блог и онлајн бизнис патувајќи низ дури 70 држави заедно.

Овие четири години за нас претставуваат микс од патување и привремен престој во многу држави. Живееме заедно во Ханоју во Виетнам осум месеци, потоа во Перу седум месеци, во Богота во Колумбија шест месеци и три месеци на Костарика – вели парот.

Своите патувања ги финансираат со приходите од сајтот и спонзоствата на хотелите и брендовите. Сега планираат на едрење да поминат година дена. Своите заеднички патувања ги започнале во Виетнам.

Немав долгорочен план, не знаев што ќе се случи – рекол Џонатан.

Потоа следувало патување во Индија, за да добијат сертификат за ајуверда масажа и тантра јога, тој процес траел три месеци.

Пишувањето на блогот го започнале во летото 2014 година додела престојувале во Индија. На почетокот не успеале да му се посветат затоа што обуката за нивниот сертификат траела 10 часа дневно. Од Индија отпатувале за Јужна Америка, каде започнале да ги користат своите нови вештини за да од нив заработуваат и имаат од што да живеат.

Обично наоѓаме време некаде да застенеме и да уживаме на некое време. Во Перу имав работа како масажер, во Костарика Кеш работеше во хостел. Каде и да се најдеме се трудиме да дознаеме на која работа е најдобро да се фокусираме. Пред да се посветиме на блогот, многу време минувавме работејќи масажи. Обично имавме пет муштерии дневно, така да работевме по цел ден, а ноќе бевме слободни – вели парот.

https://www.instagram.com/p/BQsPp4rD1jw/

 

По две години се фокусирале на онлајн заработката. Нивната работа денеска подразбира рекламирање.

Исто така заработуваат 500 долари дневно или 5.000 долари неделно од посетите на некоја дестинација и промоција на истата. Многу компании до сега им нудиле да патуваат низ светот. Минатиот декември го посетиле Антарктик. Патувањето било спонзорирано од страна на една компанија.

Тоа патување ја означи важната пресвртница во нашата кариера на патувања – рекол Џонатан.

https://www.instagram.com/p/BTrRcz9AaPO/

Селдната дестинација била Мајами. Нивната најголема инвестиција била едрилицата на која Џонатан сега работи, додека Кеш го завршува своето двемесечно патување низ Африка.

Планот ни беше да тргнеме од Карибите, да го обиколиме остров по остров пред да се упатиме кон Панамскиот канал и Пацификот – вели Џонатан.

https://www.instagram.com/p/BWNa2GhAoeK/

 

Џонатан и Кеш нагласуваат важност во балансирањето измеѓу работата и истражувањата. Кеш исто така исткнува дека луѓето кои планираат да патуваат на долги патеки мора да размислуваат за финансирањето.

Ако сакате да се задржите на аптувањата, навистина морате да инвестирате во своите вештини и способности. Џон стекна сертификат за англиски јазик пред да даде отказ – вели Кеш.

https://www.instagram.com/p/BQA3bU6gw53/