Патот Кратово – Ранковце целосно се затвора поради изградба на Коридорот VIII

Сподели со своите пријатели

Регионалниот пат Р29281, кој претставува кратка врска меѓу Кратово и Ранковце, е целосно затворен за сообраќај поради градежни работи на тунел што се изведуваат во рамките на проектот за железничкиот Коридор VIII.

Сообраќајот во двата правци се пренасочува преку Страцин. Жителите на Крилатица (Лазинска маала) ќе имаат непречен пристап до своите домови преку регионалниот пат Страцин – Кратово, додека жителите на Бабунци ќе користат пристап од страната на Ранковце.

Времениот режим е во сила од 5 јули и ќе трае до 29 ноември 2025 година, информираат од компанијата Гулермак која го спроведува проектот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По една недела дождот го изгасна пожарот во Никуштак

Никола Ивановски