Шеесет и едногодишен патник бил приведен по агресивно однесување кон вработени на Граничниот премин Табановце.
Тој ги вознемирил граничарите, а кога полицијата му направила алкотестирање утврдиле дека е пијан.
– На 04.11.2025 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.М.(61) од с.Василево, струмичко, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:00 часот во угостителски објект во близина на Граничен премин Табановце, агресивно се однесувал и ги вознемирувал вработените, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по преземени мерки е констатирано дека лицето е под дејство на алкохол, односно дека има 1,40 промили алкохол во крвта.
– По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението.
Никола Ивановски

