Креативниот директор на Баленсијага, Демна Гвазалија, претстави нов дизајн на патики како дел од годинешната летна колекција, меѓу кои се истакна и патиката „X-Pander“, со футуристички изглед во неколку нијанси.
Овој модел на патики е достапен во 5 бои, а изработени се од вистинска кожа. Она што ги натера да се истакнат е механизмот лоциран под петицата, чија улога е да го омекне чекорот, односно да ја забави силата на ударот на петицата врз подот.
Така, Баленсијага го продолжува патувањето низ модниот дизајн кој исто така поддржува футуристички визии и идеи.
Демна Гвазалија постојано изненадува и поставува нови трендови, а токму тој е одговорен за фактот дека најпопуларните модели на патики денес се големи, удобни и меки.
Ова отвора нова ера на модни додатоци кои имаат улога да го амортизираат движењето и да го ублажат, со што влегуваат во сферата на брендот – здравствени помагала. Цената е во согласност со брендот – „само“ 60.000 денари.
Како ви се допаѓа овој модел на патики? Дали би ги носеле?