Пател: Обединетото Кралство ќе спроведува построга миграциска политика

Сподели со своите пријатели

Обединетото Кралство планира да воведе построга миграциска политика, соопшти британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател.

Loading...

Во својот говор на редовниот годишен конгрес на Конзервативната партија, Пател вети дека следната година ќе ја спроведе досега најголемата ревизија на системот за азил во Обединетото Кралство, што е направена во последните неколку децении, јави Би-Би-Си.

-Брегзит ќе им овозможи на Британците конечно да одлучат кој ќе влезе и кој ќе ја напушти земјата. Можам да кажам дека ќе биде потребно време, додаде Пател, ветувајќи дека “дотогаш ќе го забрза оперативниот одговор на илегалната имиграција”.

Таа најави дека властите секоја недела „ќе враќаат повеќе луѓе отколку сега, а кои незаконски влегле во Велика Британија“.

Сашко Димевски

Leave a Reply