Пасошот на Малтешкиот ред витези е најреткиот документ од овој тип на светот и него може да го поседуваат три лица на планетата во еден момент.
Пасошот на овој католички ред се издава само на три највисоки официри – Големиот мајстор, заменик на Големиот мајстор и канцеларот.
Моментално овој католички ред функционира како добротворна организација и нуди медицинска помош ширум светот. Се состои од вкупно 13.500 витези, дами и капелани заедно со 80 илјади постојани волонтери и 25 илјади вработени.


