За многумина свадбата е ден за кој сонуваат цел живот. За тоа се подготвуваат со месеци, ако не и години. Затоа многумина во денешното, таканаречено време на социјалните мрежи, со задоволство ќе го објават секој детал, вклучително и како планираат да се бакнуваат.
Првиот бакнеж на свадба, без разлика колку од нив се случиле претходно, секогаш е посебен. Тоа е прв во низата од оние што ќе се случуваат во брачните води, а ќе се случи пред толпа луѓе. Сепак, за една брачна двојка од Америка, тој беше уште поспецијален, бидејќи тоа беше нивниот прв бакнеж досега.

Ова е особено интересно со оглед на информациите кои Хана и Леви, пар од САД, ги споделија на социјалната мрежа ТикТок. Имено, во едно од видеата во кои презентираа детали од брачниот живот, тие кажаа дека пред тоа се забавувале две и пол години.
– Вредеше да се чека – коментираат тие на видеото.
Некои во својата исповед препознаа романтична љубовна приказна, а имаше и такви кои рекоа дека толку многу жртвување е претерано
– Едноставно не ми е нормално, без разлика која е причината – напишала една девојка, но меѓу нивните придружници имало и такви кои застанале на нивна страна.
– И јас првиот бакнеж го чувам за денот на венчавката – напишала друга девојка.
@thetharps Worth the wait. #fyp #foryoupage #husbandwife #hubbyandwife #couples #couplegoal #boundaries #christiancouple #marriage #firstkiss #weddingday #love

