Парламентот на Шри Ланка избира нов претседател

Сподели со своите пријатели

Парламентот на Шри Ланка во сабота ќе го започне процесот на избор на нов претседател, откако поранешниот шеф на државата Готабаја Раџапакса побегна во Сингапур.

Loading...

Парламентот ја прифати оставката на Раџапакса откако тој побегна во Сингапур за да им избега на антивладините демонстранти, кои ја окупираа неговата резиденција и канцелариите.

Над стотина полицајци вооружени со пушки беа распоредени на приодите кон парламентот со барикади и водени топови, за да се спречат евентуални нови немири.

Пратениците треба да изберат нов претседател во рок од седум дена, а дотогаш премиерот Ранил Викремесинг положи заклетва како вршител на должноста шеф на државата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хаити: Мештаните и полицијата во заедничка борба против бандите, загинаа над 20 луѓе

Владејачката партија го номинираше Викремесинг за свој претседателски кандидат. Демонстрантите бараат и негова оставка.

Аналитичарите сметаат дека неговиот евентуален избор за претседател може да предизвика нови немири.