Парламентот го поддржа предлогот за повлекување на Унгарија од Меѓународниот кривичен суд

Сподели со своите пријатели

Денес, унгарскиот парламент го поддржа предлогот на владата за повлекување на земјата од Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Loading...

За одлуката со која Унгарија се откажува од Римскиот статут по 23 години и се повлекува од Меѓународниот кривичен суд гласаа 134 пратеници, 37 беа против, а 7 воздржани.

Поднесувајќи го предлогот, владата изјави дека судот станал политичка организација, отстапувајќи од својата првична намена.

„Унгарија остро го отфрла користењето на меѓународните организации, особено кривичните судови, како инструменти на политичко влијание“, се вели во предлог-законот поднесен до парламентот од вицепремиерот Золт Шемјен, пренесува Ројтерс.

Иако земјите-членки на Европската Унија се членки на ова тело, неколку земји (вклучувајќи ги Кина, Русија, Турција, Израел и Соединетите Американски Држави) сè уште не ја ратификувале конвенцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три лица повредени во инцидент во финско училиште, напаѓачот уапсен

Владата на премиерот Виктор Орбан го објави овој потег на 3 април, кратко по посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Будимпешта, по што овој суд издаде налог за апсење за наводни воени злосторства во Газа, пренесува Танјуг.