Париз повторно гори – убиени тројца, петмина ранети (видео)

Сподели со своите пријатели

Во текот на полициската акција рано наутро во северниот париски кварт Сен Дени, дојде до судир помеѓу полицијата и бегалци осомничени за неодамнешниот терористички напад во Париз. Операцијата трае и понатаму а во квартот се слушаат експлозии и пукање.

Loading...

Францускиот магазин „Le Figaro“ јавува дека е убиен најмалку еден од напаѓачите, а тројца полицајци се ранети, додека неофицијално се зборува дека бројот на жртвите е далеку поголем во бомбашки самоубиствен напад кој рано наутро го изведе жена – самоубиец.

Полициската акција во Сен Дени започна утринава во 4:30 часот по локално време и започна со цел да се пронајдат деветтемина напаѓачи, односно лица кои се теретат за учество во минатонеделните напади во Париз.