Парични награди за војниците кои гаснеа пожари летово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во касарната „Илинден“ во Скопје им додели награди и стимулативни мерки на припадниците на Армијата за успешното справување со пожарите коија зафатија територијата на државата.

Loading...

 

 

– Армијата со својата храброст и пожртвуваност во гасењето на пожарите летово, уште еднаш покажа дека граѓаните имаат на кого да се потпрат. Не го правевте тоа за парични награди, пофалници или слободни денови, туку поради зборот што го дадовте во својата служба – да ја заштитите државата и да ги одбраните своите граѓани. Затоа и ние го одржавме зборот и обезбедивме и пофалба и награда. Ви благодарам и ви честитам, вели министерката Шекеринска.

 

 

Loading...

Од Министерството за одбрана информираа дека започнувајќи од 29 јуни 2021 година, повеќе од 2 000 припадници на Армијата заедно со придружна механизација и воздухопловна поддршка беа вклучени во справувањето со пожарите на 13 локации кои оваа година ја зафатија нашата држава.

 

Никола Ивановски