Алармантни сознанија откриваат податоците од Државниот завод за статистика. Според податоците, во 2018 година, уделот на храната и на безалкохолните пријалоци во вкупната потрошувачка на домаќинствата бил 38,7 проценти, а веќе во 2020 година се искачил на 45 проценти, односно за 6,3 проценти повеќе отколку што бил пред две години!
„Просечното домаќинство во Македонија наменува околу 66 % од својата потрошувачка за задоволување на основните потреби како храна, облека, домување и покуќнина. Во структурата на приходите, во 2020 година преовладуваат примањата врз основа на редовна и повремена работа со 66,2 %, пензиите учествуваат со 21,3 %, примањата од земјоделството со 6,7 %, социјалните бенефиции со 1,7 % и примањата од странство со 1,2 %“, велат од Државниот завод за статистика.
Што се зголемува, а што се намалува во структурата на потрошувачката, како и целосната анализа се достапни ТУКА.