Парфемот може да се расипе. Промената на бојата и непријатна арома се јасни сигнали дека со него нешто не е во ред.
Ако паргемот го држите во бањата, тогаш може дасе расипе. Затоа би требало да го чувате на студено и мрачно место затоа што изложеноста на топлина и влага ја менува неговата арома и физичките својства на состојките како што се есенцијалните масла.
Затоа е најдобро да го чувате во фрижидерот.
Сепак, имајте на ум дека парфемот е доста чувствителен на промени на температурите. Наглите промени на температурите во неговата околина можат да предизвикаат несакани хемиски реакции во неговите природни состојки, што може да доведе до дополнително стареење.