Вчера, на 4 април, камерите за видео надзор во уметничка галерија во трговскиот центар Лоте Ворлд Мол во Сеул снимиле пар кој прска и трие боја на уметничко дело.
Неименувано уметничко дело со димензии 240 см на 700 см било насликано од графичарот JonOne во 2016 година пред публиката во Сеул.
이름 “존원 JonOne” 본명은 존 페렐로. 하지만 수없이 많은 사람들 중 한명일 뿐이라는 의미로 존원이라고 불리길 바란다고. pic.twitter.com/mPfmry3ZSF
— 샐리의 법칙 (@AniRush) March 30, 2021
Секогаш кога уметноста ќе се премести од изложба на изложба, покрај неа се ставаат четки за боја и бои што се користат за нејзино создавање. Откако ги виделе, парот рекол дека сметале оти уметноста е отворена за учество и решиле да додадат свои допири, пренесува Ројтерс.
Според персоналот на изложбата, на снимките од видео надзор се гледа како маж и жена прскаат и тријат боја на уметничко дело.
Повикана е полиција и парот е уапсен, но персоналот одлучил да не покрене обвинение затоа што тоа била чесна грешка.
„Тие сметаа дека им е дозволено да го сторат тоа како уметност на партиципација и не беа во право”, рече Канг Вук, шефот на изложбата.
„Во моментов разговараме со уметникот дали да го обновиме“, додаде Вук.
По инцидентот, организаторите на изложбата ставиле жичена ограда околу сликата и го додале натписот „Не допирај“.
A young couple accidentally vandalized a painting worth about $500,000 at a gallery in Seoul, its exhibition head said on Friday. Footage showed the couple using acrylic paint and a brush that were part of a display near the artwork to splatter a new addition to the piece. pic.twitter.com/eYy0gsFHX3
— CBS News (@CBSNews) April 2, 2021