На Денот на вљубените, еден млад заљубен украински пар решил да стават лисици еден на друг и да ја проверат силата на нивната врска.
По четири месеци, ги извадиле лисиците и тргнале по одделни патишта.
Викторија Пустовитова и Александар Кудлај од Харков, по 123 дена поминати врзани едни со други, конечно опкружени со камери и безброј прашања од новинарите, решија да ги извадат лисиците и да раскинат.
За време на јавната церемонија на „ослободување“ тие открија дека сега сакаат да го продолжат животот независно еден од друг.
Викторија изјави дека има намера дури и да се пресели во сосема поинаков дел од земјата.
Таа беше среќна да спомене дека сега ќе продолжи да го „живее животот во потполност“ и дека се надева дека нивната приказна ќе биде „одличен пример за сите парови“.
Александар призна дека не се познавале толку добро кога се одлучиле на овој необичен чекор, но дека на крајот сфатиле дека имаат „сосема различни погледи за животот“.
Викторија и Александар се врзале со синџири на три месеци за да докажат дека се едно за друго (ФОТО)
„Имаме добра комуникација и сега многу добро се познаваме. Но, здравиот разум ни кажува дека ниту на Вики, ниту мене, ни е потребна оваа врска. Само ќе ни наштети“, рече Александра Кудлај.
View this post on Instagram
Покрај стекнувањето вредно животно искуство, Викторија и Александар се надеваат дека овој нивен потфат ќе им донесе и материјална корист, па затоа имаат намера искинатите лисици да ги стават на аукција. Очекуваат дека ќе им донесат заработка од стотици илјади долари.